Култура

За 13,2 милиони долари Германија ја откупува куќата од писателот Томас Ман во Калифорнија

Германија за 13,25 милиони долари ја купи куќата во Калифорнија која му припаѓаше на германскиот писател, добитник на Нобеловата награда, Томас Ман и планира да ја зачува како историски споменик, објавено е во четврток.

18-11-thomas-mann-house-california1

Куќата во местото Пацифик Палисејдс во околината на Лос Анџелес, била огласена за продажба за нешто помалку од 18 милиони долари, а според пишувањето на дневниот весник Sueddeutsche Zeitung, министерствата за надворешни работи и за култура планираат во неа да уредат центар за трансатлантски дијалог, резиденција на академиците и уметниците.

Томас Ман беше германски романописец и книжевник кој Нобеловата награда ја доби во 1929 година, а во егзил побегна во 1933 година со9 доаѓањето на Адолф Хитлер на власт. Ман живееше во Калифорнија од 1942 до 1952 година, а потоа во Швајцарија, каде што почина во 1955 година.

18-11-thomas-mann-house-california3

Обновата на куќата во која германскиот писател го напиша биографскиот роман „Доктор Фаустус“, ќе потрае две години.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top