Верувања vs. факти – колку од овие фактички вистини ви се познати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Постојат широко распространети митови во кои сите веруваат и многу „факти“, кои всушност не се вистина, или барем се далеку од реалноста за нив каква што сме ја прифатиле.

1. Наполеон бил низок

Тој не бил многу висок, но со 170 см висина бил просечен Француз во тоа време.

2. Кинескиот ѕид од вселената

Не, не е можно да се види од вселената.

3. Биковите мразат црвена боја

Биковите се всушност далтонисти кои ги нервира ако некој им мафта со крпа над глава и тоа го сметаат за закана.

4. Бананите растат на дрво

Тие растат на растенија кои потсетуват на дрвја.

5. Ако при варењето тестенини додадете масло, тие нема да се залепат

Единственото нешто што ќе се случи е водата нема да се запени и нема да истече од тенџерето.

6. Лилјаците се слепи

Не само што добро гледаат, туку користат ехолокација за да се движат. Исто така, ни кртовите не се слепи, но полошо гледаат.

7. Имаме пет сетила

Имаме уште најмалку дваесет сетила покрај мирис, допир, вкус, слух и вид, а меѓу другите се и рамнотежа, движење, глад и жед.

8. Кафето го дехидрира организмот

Кафето не не тера толку често во тоалет како што некои мислат, бидејќи диуретскиот ефект на коефеинот е намален за количеството вода што се наоѓа во пијалокот.

9. Алкохолот убива мозочни клетки

Многу алкохол не е добро за никого, но не постојат докази дека повременото опивање ќе го оштети капацитетот на вашиот мозок.

10 Правилот од пет секунди

Ако мислите дека ако можете да изедете нешто што паднало на под само затоа што сте го зеле за покусо време за пет секунди, треба да се знае дека бактериите ќе  се најдат на храната без оглед на тоа колку кусо била таа на подот.

11. Монт Еверест е највисокиот врв на светот

Во суштина, тоа не е точно. Највисок е Мауна Кеа на Хаваите, ако се мери од основата до врвот. Еверест е највисок во споредба со нивото на морето, а Мауна Кеа е висок над 10.000 метри мерен од неговата основа, но повеќе од половина тој се наоѓа под површината на морето.

12. Ако фрлите монета од Емпаер стејт билдинг можете да убиете случаен минувач

Кованата пара не може да постигне толкаво забрзување за да стане смртоносна, иако многу ќе ја заболи личноста која ќе биде погодена.

13. Кикириките припаѓаат на јаткастите плодови

Не, кикириките припаѓаат на друга фамилија билки Leguminosa.

14. „Ѕвончиња“ е божикна песна

Оваа песна всушност е посветена е на зимата и Денот на благодарноста

15. Пушењето предизвика никодимски дамки

Никотинот е безбоен, а дамките се појавуват поради катранот.