Цел свет полуде по куќа од 1 евро на Сицилија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако пред една недела локалните власти од сицилијанското место Самбука објавија дека, како мерка за спас на гратчето од целосно иселување и запустување, ќе продаваат куќи и станови во оваа сицилијанска егзотична комуна по цена од едно евро, од сите страни на светот почнаа да стигнуваат побарувачки и потенцијални нови жители на местото.

„Заинтересирани има од Сиднеј , Њујорк , Лондон…” , вели преморениот градоначалник Џузепе Кациопо, кој за да го зголеми бројот на населението, кое речиси целосно емигрирало , реши да ги продава куќите за 1 евро.

????????????????????????????????????

Дел од купувачите не го разбрале условот со кој во рок од три години треба да инвестираат 15 000 евра за реновирање, со тоа што покрај 1 евро, ќе платат депозит од 5 000 евра, што ќе им биде вратен.

Градоначалникот вели дека само за неколку дена имале 300 повици и над 94.000 меилови . Некои од купувачите не сакале да ја испуштат шансата и веднаш долетале во Палермо.

Во градската управа сега има огромен метеж, а сите се надеваат дека градоначалникот лично ќе ги однесе на разгледување на куќите и становите .

За да привлечат младо население, на слични потези се решиле и градоначалниците на гратчињата Ганги, Салеми, како и Ололаи на Сардинија. Куќите се доста разурнати од земјотреси и запуштени, така што дел од потенцијалните купувачи си заминуваат разочарани.