Станови и куќи на егзотичната Сицилија по цена од едно евро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градската управа од малото сицилијанско гратче Самбука, лоцирано на западниот брег од Сицилија, нуди на продажба станови и куќи по цена од едно евро, како резултат на сè помасовната миграција на жителите од ова местенце.

Оваа одлука и мерка има за цел да го спаси гратчето од „белата чума“ која му се заканува целосно да го остави без жители.

На продажба се нудат 12 станови кои се руинирана состојба. Поголемиот дел од недвижностите се движат од 40 па се до 150 квадратни метри.

Иако ова не е прв пат еден италијански град со помалку луди понуди да мами странски вложувачи, градоначалникот на Самбука, Џузепе Кациопо, тврди дека не станува збор за пропаганда туку за вистинска потреба за нови инвестиции.

Властите досега продале 10 станови, а заинтересирани купувачи има најмногу од Швајцарија, Франција, Шпанија, но и останатите делови на светот.

Нормално, во оваа идилични понуда постои и една клаузула. Имено, секој нов сопственик при купувањето ќе мора да се обврзе дека во рок од три години во обновата на станот ќе вложи најмалку 15.000 евра. Плус, пред купувањето ќе биде потребно да приложи депозит од 5.000 евра кој ќе биде вратен после реновирањето.