Три сценарија во ВМРО – ДППМНЕ за седницата за Законот за двојазичност


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Големи реакции предизвика најавата на владината коалиција да го гласа контроверзниот закон за двојазичност без воопшто да се разгледуваат над 35.000 амандмани поднесени од опозицијата. Јавноста се прашува што ќе направи опозицијата. Таа пак засега не е единствена.

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ е поделена за начинот на кој треба да се реагира за време на денешното гласање за Законот за јазиците.

Помал дел од пратеничката група смета дека по цена на интервенција на обезбедувањето на Парламентот треба да се спречи гласањето без расправа по амандманите на законот. Некои од пратениците сметаат дека треба да се натераат СДСМ и ДУИ да наредат интервенција иста како за време на црниот понеделник кога од Собранието беа исфрлени пратениците на тогашната опозиција. Оваа опција е малку веројатна затоа што и покрај такви инциденти Собранието ќе успее да го донесе законот.

Друг дел од пратениците и партијата сметаат дека не смее да се влегува во насилно сценарио затоа што тоа е штетно за земјата и дека не смее да се дозволи партијата да биде повторно обвинета за насилство. Засега ова е најверојатната варијанта која освен во пратеничката група има поддршка и од врвот на партијата.

Најбројна е третата група која што во знак на протест кон обидот на ДУИ и СДСМ да го гласаат законот без расправа по амандманите смета дека сите пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ( во моментов 45 пратеници) треба да дадат оставки до парламентот и со тоа да се блокира и гласањето по законот но и сите други процеси кои што се водат во законодавниот дом.

На тој начин би се упатила силна порака и до власта и меѓународниот фактор а на среден рок би се блокирал изборот на членови на Државната изборна комисија. А без ДИК нема да може да се изберат и идните пратеници, пишува порталот Експрес.

Во ова сценарио кое што се уште не е целосно отфрлено се смета и на блокадата на сите системски закони за кои е потребно двотретински мнозинство што целосно ќе ги блокира реформските процеси во Македонија во пресрет на извештајот на ЕУ за земјата.

Извор: Таратур/Експрес