Денес без амандмани ќе се гласа за Законот за јазиците?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Законот за јазиците е во финална институционална фаза, а денес ќе биде ставен на гласање и тоа без амандманите кои ги поднесе опозицијата, вакви се наводните најави и од СДСМ и од ДУИ за сценариото по кое ќе се одвива денешната собраниска седница.

Собрансикиот спикер на вчерашната координација не кажал детали како ќе го изигра моментот со над 35.000 амандмни, сепак неофицијално тој ќе се повика токму на ставот кој што и претходно го имаше кажано дека амандманите се незаконски, бидејќи произлегуваат од забелешките на Претседателот кои најголем дел се за неусогласеност на законот со уставот.

Џафери вели собранието не може да толкува Устав и токму затоа за амандманите нема основа да бидат прифатени. Дека законот ќе помине без амандманиза Тв 24 најавија партиски извори, уште во саботата, а завчера индиректно потврди и премиерот Заев. Вчера од СДСМ се амнестираат од амандманите.

„Одлуката за амандманите е право на Претседателот на Собранието. Дебатата за законот предолго трае, и законот е предолго во процедура, а и два пати е гласан и треба што поскоро да се донесе.“

Од ДУИ само кусо повторуваат дека законот одамна е завршена работа и го повикуваат и ВМРО-ДПМНЕ да гласа. И додека мнозинството се подготвува за конечниот чекор за законот, опозиционерите ги повикуваат на разум, но и ги предупредуваат на последиците.

„Затоа уште еднаш за последен пат повикувам за разум. Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка.“- изјави Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за јазици е дел од коалицискиот договор за формирање на Влада меѓу Али Ахмети и Зоран Заев, и решение на кое подолг период работеа партиските работни групи. Со него албнскиот јазик влегува во комуникацијата на граѓаните со сите владини институции, претпријатија и агенции, како и во судството и Јавното обвинителство на цела територија на државата.