Нобел

Според Wired овој е најдобриот смартфон на планетата

Паметните телефони Pixel и Pixel XL од гигантот Google наскоро ќе се најдат во продажба, а новинарот од Wired специјализиран за гаџети од ваков вид веќе ги прогласи за најдобри мобилни телефони на планетата.

Цената на моделите ќе биде 600 долари за Pixel и 770 за Pixel XL. Ќе бидат достапни во сина, црна и сребрена боја со 32 или 128 GB простор (без влез за мемориска картичка), а Дејвид Пирс ја тестираше поскапата верзија од овој смартфон.

Google асистент

Недолго откако го доби својот Pixel XL во раце, Дејвид Пирс патуваше во Колумбија, а тоа беше одлична можност за тестирање на Google асистентот кој му служеше како водич, преведувач и истражувач за време на патувањето. „Знаеше каде треба да одам, како да стигнам до таму и како да се вратам“, тврди Пирс, додавајќи дека асистентот од гаџетот му откривал и детали за прочуениот Симон Боливар, а знаел доволно да ги објасни и скорешните протести на плоштадот кој го носи неговото име. Но, конкурентната апликација од Google на Siri и Alex со своите конкуренти дели и некои проблеми.

„Ме разбди триесет минути пред да треба да стигнам на аеродром“, објаснува Дејвид. Иако ги имал сите потребни информации, асистентот не успеал во навременото информирање за будење. Во подоцнежните обиди за тоа, асистентот го наместил алармот седум часа пред летот, докажувајќи дека има уште многу простор за напредок на апликацијата. Сепак, Дејвид и понатаму тврди дека асистентот од Google е најдобриот гласовен асистент досега, иако не е толку во предност пред конкуренцијата колк што се

Најдобра камера

Дејвид една вечер поминал во пустината Татакоа, а враќајќи се во цивилизација, поминал покрај предели кои буквално предизвикувале за фотографирање. Направил стотина фотографии, а камерата од 12 мегапиксели ги надминала не само неговите очекувања, туку и било која друга камера која досега тој ја имал испробано. Бојата, острината и интензитетот го надоместуваат зумот кој го носи iPhone 7 Plus, но и без него, фотографиите се сјајни. Сè што ќе се фотографира со камерата, автоматски се зачувува и на Google Photos, бесплатниот cloud сервис од Google со неограничен простор за зачувување на фотографии со висока резолуција.

Главната разлика, тврди Дејвид, е во пристапот – додека iPhone веродостојно ја репродуцира светлината, Pixel, како и повеќето Android смартфони, автоматски суптилно ја засилува истата, со што фотографијата ја прави малку пожива.

Од задната страна Pixel има стаклена плочка која зазема околу третина од површината, а таму се наоѓа и голем кружен читач за отисоци на прсти. Дејвид е скептичен во врска со овој читач на отисоци. Од една страна, со показалецот доста лесно се отклучува телефонот, но исто така му било напорно цело време да го врти телефонот (освен ако кодот не го впишува рачно). Иако стаклената плоча има свои функции, Дејвид повеќе го преферира едноличниот изглед на iPhone моделите.

Најголема замерка за Pixel е за неговата неотпорност на вода. Исто така, има само еден звучник. Но, повеќето корисници ионака не водат многу сметка за тоа. Иако Pixel е најкохерентниот Android досега, iOS и понатаму е поедноставен за користење.

Што се однесува на спецификациите, Pixel е спремен за Daydream, платформата од Google за виртуелна реалност, а користи Android 7.1 Nougat оперативен систем. Батеријата трае седум часа, а се полни за петнаесетина минути (помалиот модел има батерија со капацитет од 2.770 mAh, а поголемиот од 3.450 mAh).

Дејвид отсекогаш преферирал iPhone, но Pixel го натера да се предомисли за оваа своја определба. Малку е загрижен колку Google ќе се фокусира на новиот хардвер (техничката поддршка), но во телефонот целосно го освои и го препорачува на сите.

loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top