Софија Куновска си поднесе оставка од претседателската функција во СДСМ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Софија Куновска си поднесе оставка на функцијата престедателка на општинската организација од Скопје, но останува во кампањата како член на СДСМ до конечно уривање на режимот на Груевски.

Дознаваме дека Куновска ја осудува постапката да не бидат консултирани  за листите како општинска организација од Скопје на СДСМ и смета дека тоа е неморален чин. Таа не се најде на пратеничките кандидатски листи од СДСМ кои партијата вчера ги усвои на конгресот во Скопје.

Таа ја поднела оставката вчера вечер со образложение дека сака да ја заштити организацијата која ја претставува и која што очигледно е потценета. Политичкиот ангажман го продолжува во партијата во која, како што соопштила, посветено ќе дава придонес во кампањата за рушење  на режимот на Груевски.