Култура

Се е подготвено за 14-тиот меѓународен карневал „Прочка“ во Прилеп

Градот под Маковите кули е подготвен за пречек на гостите и за одбележување на 14-тиот меѓународен карневал „Прочка“. Оваа година најавени се гости од Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, за прв пат од Сардинија и од Турција, како и од повеќе градови од Македонија, посочи Снежана Ристеска Советник за култура во ЕЛС Прилеп.

Програмата започнува утре, со изложба на маски кои ги имаат изработено прилепските ученици. Кар­не­ва­лот ќе би­де нај­а­вен во сабота, со на­ста­пот на акро­ба­ти, жонг­ле­ри, пан­то­ми­ми­ча­ри, а главниот настан ќе се случи в недела во 13 часот во центарот на Прилеп.

Прилеп овие денови ќе живее во духот на карневалот рече градоначалникот Марјан Ристески, кој информираше дека Советот на Општина Прилеп донесе одлука и оваа година да се зголеми работното време на прилепските локали за два часа, а во сите прилепски кафулиња и дискотеките влезот за гостите ќе биде со задолжително носење на маска.

Меѓународниот карневал Прочка претставува спој на традицијата со модерното и како таков е еден од најзначајните настани во овај град. Со неговото одржување се зачувуваат старите обичаи кои се дел од нашето културно наследство, а истото се презентира на национално и на меѓународно ниво, што е особено значајно за развој на туризмот.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top