Advertisements
Нобел

Samsung ја запре продажбата на моделот Galaxy Note7

По серија инциденти со запалување на гаџетите кои требаше да бидат безбедна замена за повлечените модели, Samsung соопшти дека ја запира продажбата на телефонот Galaxy Note7. Компанијата вели дека корисниците со првичните апарати или со замените што ги добија треба да ги исклучат телефоните и да бараат поврат на средствата или да ги заменат за други модели.

Соопштението доаѓа по неколкуте нови инциденти со прегревање минатата недела и претставува уште еден удар за најголемиот производител на паметни телефони во светот. Американската организација за заштита на потрошувачите кажа дека истражува пет инциденти со запалување или прегревање откако компанијата соопшти дека ги повлекува телефоните минатиот месец.

Водечките мобилни оператори веќе најавија дека ќе престанат да ги дистрибуираат новите Galaxy Note7 телефони.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top