Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За грозоморното убиство што се случи ноќеска во Велес излегуваат нови детали.
Убиецот Спасе Вељанов веднаш по убиството на својот Фејсбук профил го призна делото наведувајќи дека „решил да ги убие неговите монструми“.
Фејзбук Пријатели, ја вечерва прекинав да ќутам 47 години откако бев Нем и Глув, се решив да ги убијам моите Монструми, а мое мислење е дека се и Монструми на целото Општество, сѐ што ќе слушнете лошо за мене од овој момент па натаму, ми е натоварено од токму овие Монструми… Не знам кога повторно ќе успеам (и дали ќе успеам) да се јавам, поздрав и сѐ најубаво до сите Пријатели…“.
Меѓутоа, коментарите под неговиот статус не беа со оправдување за чинот. Тие со неверување ја примија веста дека тој го извршил крвавиот злочин кој ја потресе Македонија.
-Спасе испадна монструм, зацрни цела фамилија уби невин човек, една жена се бори за живот. И уште тројца повредени. Починатиот има закажано свадба за неговиот син. И сега наместо свадба, излезе негов погреб. Навистина жално, немам зборови, се вели во еден од коментарите под статусот на Спасе В.