КРВАВА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Со чекан си го уби соседот, па објави на Фејсбук!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ноќеска во 2 часот по полноќ, во Велес се случи монструозно убиство. Велешанец со чекан влегол во домот на соседот, со чекан го убил него, а тешко повредил уште неколкумина од истото семејство. Сам го признал убиството откако објавил на Фејсбук дека „ги убил монструмите“.

Во Велес ноќеска се случи вистински хорор во домот на 66-годишниот Д.Н. Соседот С.В. (46) со кого имале нарушени соседски односи насилно влегол во куќата Д.Н, при што со чекан и хебла во рацете им нанел повреди во пределот на главата на Д.Н., неговата сопруга Л.Н. (55), и нивната 31-годишна ќерка Т.Н. кои живееле на еден кат од куќата.

Крвавиот пир соседот го продолжил на другиот кат од куќата каде живеел братот на Д.Н. Соседот убиец ги нападнал и братот Т.Н. (63) и неговата сопруга В.Н. (53).

Сите повредени, како што информираат од полицијата биле пренесени во велешката болница каде Д.Н. им подлегнал на повредите. Поради сериозноста на добиените повреди во главата, сопругата на починатиот со крварење со мозокот е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Од МВР информираат дека напаѓачот е приведен, а полицијата работи на целосно расчистување на овој случај.

1 COMMENT

Comments are closed.