Спорт

Мурињо: Фенербахче играше како финале во ЛШ, а ние како пријателски натпревар!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со лошите резултати и во Лига Европа, па сега после поразот од Фенербахче во последните два кола ќе бркаат пласман во следната рунда.

Повторно главен на удар на новинарите беше Жозе Мурињо, кој по натпреварот се обиде едноставно да ја смири ситуацијата.

„Фудбалот не е само имиња и квалитет на поединци, туку тој е и пожртвуваност, борба и надминување на самите себе. Фенербахче целосно ја заслужи победата. Тие играа како да се во финале на ЛШ, а ние како да сме на подготовки, на пријателски меч“, изјави по натпреварот Мурињо.

Тој, сепак, не е загрижен за судбината на клубот во двата меча од групната фаза колку што преостануваат. Изрази оптимизам и потенцира дека се е во нивни раце.

„Се зависи од нас. Ако победиме во последните два меча, ќе продолжиме во наредната рунда“, заклучи Португалецот.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top