Вебкафе

Лондон виден одозгора: Импозантна снимка на метрополата во 4К резолуција

Со најстара подземна железничка станица во светот, со втора црква по големина, со повеќе од 11.000 ресторани и кафулиња – Лондон е една од најголемите светски метрополи.

Лондон за почеток најлесно ќе го запознаете ако седнете во некои од специјализираните црвени автобуси, кои нудат организирано разгледување и им се препуштите на туристичките рути да ви ги откријат убавините на англискиот град.

Тоа што Лондон го прави препознатлив во целиот свет е неговииот Парламент и најпознатиот часовник Биг Бен.

Во градот ќе се сретнете со голем број стадиони, како „Вембли“, „Емиратс“ и „Стамфорд Бриџ“, но и со голем број паркови и градини, почнувајќи од Хајд парк и Регент парк, па до оние помалку познатите, кои најчесто се нарекуват „клуч градини“, затоа што се во сопственост жителите на околните згради, кои плаќаат посебен данок за нив и единствено тие можат да ги отклучат и уживаат во нивната убавина.

Сепак пред да одлучите да го посетите Лондон, погледнете ги овие фасцинантни видео снимки снимени во 4К резолуција со дрон од воздух.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top