Славни

Исповед на „Октомајката“: „Снимав порничи, но не судете ми пред да ја чуете мојата приказна“

Надја Сулеман, која се прослави во светот на шоубизнисот и светските медиуми откако во 2009 година роди „осумка“, вели дека уште не може да им побегне на медиумите и дека нејзиното минато сега ги прогонува и нејзините деца.

Надја, која денес го користи псевдонимот Натали, вели дека повеќе не сака да биде позната како Октомама, пренесува Yahoo. „Го отфрлив тоа Октомама. Се вратив на мојот живот како советничка. Моите деца имаат здрав и среќен живот. Но, проблемот е во тоа што нас уште не следи тој период од моето минато, бидејќи луѓето никогаш не дознаа што тогаш направив. Никогаш не ја знаеја точната вистина“, вели Надја, која во меѓувреме сними и порно филм, работеше како стриптизерка, позираше за списанија и издаде сингл.

И денес луѓето ја викаат Октомама и сакаат да се сликаат со неа, но таа денес има веќе разработена рутина со која пристојно ги одбива таквите понуди.

„Им велам дека не сум веќе Октомама. Фала многу, ама денес сум само мама. Не го работам тоа повеќе“, вели Надја.

Пред да ја роди детската осумка, Надја веќе имаше шест деца и се мачеше како да ги прехрани сите. Кога потоа придојде и осумчлената принова, мора да се потпре на помошта од другите. Сулеман признава дека се срамела да побара помош, па на крајот почнала да се „продава“ самата себе.

Денес 41-годишната мајка на 14 деца има разбирање и за оние кои своевремено ја осудуваа. „Верувам дека осудата беше оправдана, бидејќи што друго можат да си помислат луѓето? Медиумите ги хранеа со негативна перспектива“, вели Надја.

Сепак, признава дека за поголемиот дел од своето минато е самата виновна, бидејќи се одлучила на повеќе деца со вештачко оплодување.

„Ја преземам одговорноста што бев глупава и неодговорна. Нагласувам дека сум одговорна за своите лоши избори, како и дека никогаш не сум сакала да бидам терет на даночниот сектор од државата“, истакнува Надја.

Иако и денес прима делумна социјална помош од државата, таа има стабилна работа и се надева дека таквата ситуација е само привремена. „Воопшто не се гордеам со тоа“. Сепак, истанува дека се гордее што успеала да ја надмине зависноста од таблети за смирување. На крајот, од сето тоа несакано внимание тврди дека извлекла вредна лекција.

„Не можете однапред да ги осудувате луѓето. Без оглед на тоа кои се и што прават и што сте чуле за нив. Морате да ги запознаете, да разговарате со нив, па тогаш да донесете личен суд за нив“, вели Сулеман.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top