Авто мото

Германија од 2030 ќе забрани продажба на автомобили со дизел и бензиски мотори


Германскиот Бундесрат ја помина првата резолуција со која од 2030-тата година ќе се забрани продажбата на нови возила со класични мотори со внатрешно согорување.

Дали е ова вистинска ноќна мора за автомобилската индустрија? Горниот дом на германскиот парламент ги прави првите чекори кон целосно стопирање на продажбата на автомобили со класични мотори со внатрешно согорување од 2030-тата година.

Секако, автомобилите кои ќе бидат продадени пред тој краен рок ќе можат да продолжат да се возат по германските патишта, но од 2030-тата година само електрични возила ќе можат да се продаваат во германските авто-салони. Според она што е објавено, една од целите на овој чекор е да се запре продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување на ниво на целата Европска Унија, и иако германскиот Bundesrat нема влијание да го направи тоа, сепак влијанието на Германија во ЕУ е навистина големо.

Германската влада сака да испрати порака од Европската Комисија да ги зголеми бенефициите (односно субвенциите) за електрични возила, и истовремено да воведе поголемо оданочување за автомобилите придвижувани од дизел-мотори. Сето ова е со цел да се мотивираат сè повеќе и повеќе луѓе да ги заменат своите стари автомобили со нови, електрични возила. Оваа иницијатива скоро идеално се поклопува со неодамнешниот Саем на Автомобили во Париз, каде главен акцент беше ставен токму на електричните возила – видовме премиери на електрични возила од Volkswagen, Mercedes-Benz, Opel и многу други, а свој влез во играта со електрични возила неодамна најави и Maserati.

Вакви иницијативи за ефективно запирање на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување веќе се случуваат и во други европски земји – вакви мерки веќе најавија (и започнаа) земји како Холандија и Норвешка. Иако чекорот делува екстремен, пораката од европските земји е јасна – помалку мотори со внатрешно согорување, повеќе електрични возила.

Коментари

loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top