Топ вести

Габреш и Огражденик – изворскиот изобилен раскош над Велгошти


Ако некогаш се најдете во атарот на селото Велгошти, удобно и велелепно скрасено во подножјето на планинските пазуви, а сте желни и жедни за малку неконвенционални искуства и мераци кои ги нуди охридскиот крај, ова е тура која, како што ние така колоквијално си викаме, „вреди за сите пари“. И навистина вреди да се рашетате нагоре по гребенот Клучка, по течението на Сушица, над Велгошти, по Петрино, со изворите Габреш и Огражденик и надолу до Велгошти. Чудесен крај кој вреди да се посети повеќе пати. Патеката е одлично маркирана.

1529864_10201168586960759_915951580_o

Патеката, фино маркирана доколку знаете да следите планинарска маркација, ќе ве одведе преку дрвеното самоделско мовче над Сушица, веднаш над селото.

1599861_10201168593120913_1124505975_o

1555487_10201168594000935_1563272048_n

А кога ќе кинисате нагоре, по течението на реката, на неколку места очите ќе ви ги наполнат водопадните глетки кои ги прави Сушица, особено кога водата во течението е пообилна и речниот тек е понадојден. Водопадите се секогаш радост при прошетките и мерак за погледот.

1557211_10201168599481072_149058116_o

Како што патеката се извива нагоре, некогаш и по самиот раб на карпите, своевидниот кањонски засек кој го прави Сушица станува сè поимпресивен и поимпозантен пред чија длабочина и восхитувачка глетка ќе се почувствувате навистина мали и трошни. Следејќи ја патеката, ќе дојдете до отворот на пештерата за која има некое народно верување оти ако тргнете по нејзините подземни тунели, ќе стигнете кај манастирот Света Петка, над Велгошти.

1518193_10201168602361144_1015748454_o

И како што ќе искачувате нагоре, по планинарската патека, пред вас ќе се подаде црквата Пресвета Богородица, вгнездена на стрмните карпи на гребенот Клучка, надивсната над кањонот од Сушица. Адреналинската патека која води до црквичето импресионира со возвишена глетка.

1523183_10201168607321268_1544547480_o

1526407_10201168611841381_1791682514_n

964406_10201168613841431_553775886_o

1483671_10201168625921733_1869226270_o

1484045_10201168628401795_1241608098_o

А после краткиот одмор, или малку подолг, доколку сакате да уживате во пејзажите кои се простираат од ова место – комбинација од растителен свет, шума и карпи, можете да се препуштите на уживањето и задоволството да меракувате покрај речните води и најнепосредно да му се изнауживате на речниот тек и сцените кои се нижат покрај истиот.

1534840_10201168634561949_646740476_o
Ушрте малку водопадни мераци и дразби

1537963_10201168632921908_892755461_o

1502801_10201168663882682_158435874_o

Доколку мудро и послушно го следите правецот на патеката која води нагоре по планинските падини, истата ќе ве однесе до манастирот Свети Никола, до кој од Велгошти води и широк макадамски пат кој се користи за дотаму да се стигне и со превозни средства. Манастирското опкружување, заедно со рибничките канали пред него, клупите за одмор и импресивните шопурки од чешмата кои бликаат со разладувачка вода, се место како создадено за да се препуштите на мирот и спокојот кои царуваат тука (секако, кога нема многу посетители).

1531707_10201168672282892_216928961_o

883859_10201168677323018_362376427_o

А кога ќе кинисате нагоре, над манастирот, по патот кој веќе е следен од одлична маркација, пред вас ќе се спрострат чудесии од панорами, опули и визуелни импресии… кога ние го шетавме овој крај, имаше сериозно присуство на магла која ги покриваше Охридското Езеро, струшкиот крај и крајбрежје, но затоа врвовите на Јабланица ни се насмевнуваа од далечината и отпоздравуваа со своите снежни покривки.

1598982_10201168686963259_94943074_o

883837_10201168692643401_216539329_o

Патеката нагоре, продолжува кон изворското место Габреш, кое блика со својот раскош под планинскиот срт кој продолжува долж масивот на Галичица.

1540256_10201168696003485_681695514_oИзворот Габреш

1492258_10201168697123513_220809264_oМаркациската инфо табла кај изворот

1602177_10201168701963634_995678980_o

1606434_10201168718284042_331377991_o

1490700_10201168724724203_1157414897_o

Во продолжение по планинските природни лавиринти и патеки, нагоре од Габреш, се отвораат шумски импресии и панорамски видици кои несвесно ќе ве натераат да поздапирате на секои неколку чекори и да си ги полните мислите, погледот, душата и телото со планински масиви во далечината, со широчина и со бистар воздух.

1529822_10201168728764304_531137096_o

1537763_10201168744524698_224132133_o

Со отворен видик, над шумските појаси, спокојно и со уживање се продолжува кон другиот изворски мерак од овој кррај, изворот Огражденик. Место кое е познато и како излетничка локација која локалното население често ја посетува, бидејќи се наоѓа покрај макадамскиот пат кој се врволи од Велгошти по планинските падини.

1502791_10201168746404745_444023482_o

1602147_10201168766245241_1752528059_o

После освежувањето со огражденичките водни плисоци, без многу мака, надолу по широкиот пат, глетките полека ќе ве спуштаат кон Велгошти, од каде што и се почнува оваа тура.

1522884_10201168775645476_1188519902_o

Карпата според извесни преданија (со претпоставка дека е точно оваа) се вика Невестин камен поради приказната и легендата со која ја поврзуваат, а која вели дека млада невеста, гонета од еден разуздан Турчин, од овој камен скокнала во провалијата и си го одзела животот, за да си ја спаси честа пред налетот на немилосрдникот.

1537817_10201168780805605_1873867790_o

1498957_10201168783845681_864104433_o

Оттука, надолу, кон селото, на одмор и продолжување на уживањето и авантурата во друг правец. Нам друштво ни правеше обилната магла која буквално цело време „течеше“ нагоре-надолу по стрмните падини на Галичица. Не толку афирмиран предел и природни убавини кои срдечно ви ги препорачуваме, за да ги видите и запознаете охридскиот крај и езерото од една поинаква перспектива.

Текст и фотографии: Александар Војнески

 

Коментари

loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top