Advertisements
Актуелно

Деветто чествување за бардот на македонската литература Петре М. Андреевски

Со беседата на професор д-р Елизабета Шелева во петокот започна годинешното „Славење на пирејот“ во Слоештица, родното село и вечното почивалиште на Петре М. Андреевски, јавува Макфакс.

„…Кај Петре М. Андреевски љубовта кон родната земја и националната културна традиција природно се кондензира, во облик на исконска, искрена емоција, достојна за најголемите и највисоките креативни предизвици. Таа лојалност и љубов спрема татковината не е плод на бесрамна кокетерија, реторичка поза, ниту конформистичко додворување кон моменталните „авторитети“ на власта ….Во таа смисла, Петре остануваа неумоливо остар и критичен, како и секој вистински, непоткуплив автор, кој достоинствено држел пред сѐ до својот личен интегритет и чест – знаејќи, дека, како „човек на зборот“ – тоа е сѐ што има, а лесно може да го загуби, доколку би ги изневерил сопствените строги, артистички принципи и личната непоткупливост“, ќе потсети Шелева.

Програмата наманифестацијата продолжи на ткн Уметничкото гумно, на кое беше отворена изложба на делата создадени за време на меѓународната уметничка резиденција на Арт Поинт – Гумно 2015, како и на портрет-фотографии на уметниците од Сашо Н. Алушевски.

На гумното ќе бидат промовирани и резултатите од проектот „Поздравете ги птиците од Илинска и Плакенска Планина“ што организаторите го спроведуваат со поддршка од Македонското еколошко друштво и Еуронатур од Германија.

Особеност на годинешното издание на манифестациајта му дава оригиналниот сценски перформанс „Слојчки приказни кажани од Дедо Илија Кочовски“ во изведба на млада актерска тројка (сите со потекло од селото Слоештица) и режија на Андреј Цветановски. Цветановски е воедно и автор на документарниот филм „Животиште‟ (посветен на неговиот татко) што премиерно ќе биде прикажан на сцената – мост Бела Река.

Годинава, манифестацијата е делумно поддржана од страна на Министерството за култура на и градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top