Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
И јас сум Утрински. Вакви статуси на Фејсбук објавија десетици сегашни и поранешни новинари на Утрински весник, по информациите кои се појавија во јавноста дека постои можност да згасне овој дневен весник што е дел од групацијата МПМ.
Според неофицијалните информации од редакцијата, менаџментот на МПМ поставил ултиматум – или да заминат десет новинари или да згасне целосно весникот. Наводно новинарите имаат рок до утре да ја кажат својата одлука. Како причина за ова кастрење се зборува дека е тешката финансиска состојба.
Информацијата засега ниту ја потврдува, ниту ја демантира раководството на компанијата. За последните случувања со Утрински, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за утре најавија прес-конференција.
Инаку деновиве во помали тиражи се печатат и трите весници под закрила на МПМ Дневник, Вест и Утрински весник, а како причина наводно е немањето на хартија за печатење и намалување на трошоците.
Првиот број на Утрински весник излезе на 23 јуни 1999 година.