Advertisements
Живот

Бучавата и загадениот воздух едни од главните причинители на покачен крвен притисок

Постојаното изложување на загадената животна средина значително го зголемува ризикот од покачен крвен притисок кај луѓето, се наведува во испитувањето спроведено врз 41.072 лица од Норвешка, Шведска, Данска, Германија и Шпанија, а чиишто резултати се објавени во специјализираното списние „Јуропиан Харт Џурнал“.

Меѓу загадувачките фактори се вбројува и преголемата бучава, предизвикана од сообраќајот, а којашто често претставува ризик од хипертонија, тврдат авторите на истражувањето.

Според нив, луѓето кои живеат во области со позагаден воздух, се поизложени отколку оние кои живеат во почисти средини.

Хипертонијата пак, е фактор на ризик за срцево-артериски заболувања. Никој од испитаниците првично немал висок крвен притисок, но како што истражувањето течело, бројките покажувале дека 6.207 лица, односно 15 отсто посочиле дека им се појавила хипертонија, што им налага да земаат лекарства за снижување на притисокот.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top