Живот

Баталете апстиненција: Сексот пред спортување може да биде само од помош

Многу од спортските тренери со децении го негуваат и практикуваат принципот на забрана за секс за спортистите неколку дена пред важни спортски натпреварувања, но ако можеме да се потпреме на најновите научни истражувања поврзани со овој феномен, испаѓа дека тоа е целосна бесмислица.

Многу од спортистите тврдат дека никогаш немаат секс ноќта пред големо натпреварување, бидејќи поради акцијата под чаршафите ќе бидат преуморни во клучните моменти на натпреварувањето. Сепак, научниците го докажуваат токму спротивното, дека сексот всушност помага при постигнување на подобри резултати.

Во рамки на истражувањето кое го извршија научниците од факултет во Фиренца, на чело со д-р Лаура Стефани, беа прегледани стотици различни студии за да утврдат како сексот влијае врз спортистите. Не беше пронајден ниту еден доказ кој ја поткрепува теоријата за негативно влијание на сексуалната активност пред спортувањето. Од друга страна, пак, беа пронајдени повеќе податоци кои укажуваат на тоа дека сексот една вечер пред натпреварувањето влијае во постигнување на подобри резултати кај маратонците.

„Испаѓа дека сексот, всушност, е многу користен и може да ги подобри можностите на спортистите, доколку се практикува два или повеќе часа пред натпреварувањето“, вели д-р Стефани, додавајќи дека, сепак, за ова се потребни дополнителни понатамошни истражувања, со цел да се утврди дали влијанието на сексот врз резултатите зависи и од старосната возраст, од видот на спортот, полот и други фактори.

loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top