Home Актуелно Ангеловски повика осум младинци за Шпанија

Ангеловски повика осум младинци за Шпанија

Селекторот на фудбалската репрезентација го објави списокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство против Шпанија во Гранада, што ќе се одигра на 12-ти ноември.

Селекторот Ангеловски повика 21 фудбалер за натпреварот против Шпанија, а осуммина од нив се членови на младата репрезентација која избори пласман на Европското првенство.

Најголеми промени има на голманската позиција, каде за место на голот ќе конкурираат Алексовски, Димитриевски и Гачевски.

Во нападот, покрај стандардната тројка Пандев, Нестороски, Ибраими, е придодаден и Кире Маркоски, а на списокот ги нема Адис Јаховиќ и Иван Тричкоски.

„На списокот има осуммина од младата репрезентација до 21 година вклучувајќи го и Ѓорѓев. Тоа е дел од целите што беа најавени, да се создаде млад и компактен тим, спој на младост и искуство. Може да кажам дека најдобрите од овој список ќе бидат стартери. Нема веќе млади и стари, ова е А репрезентација во која се одбрани најдобрите со кои располагаме во моментов“, истакна Ангеловски.

03-11mkd2

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…