Пак мора да ги чуете: „Носталгична љубов“ – ново „џемање“ од Маруш и Ламјата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Популарноста на нивната прва песна под наслов “Flamenco de Macedonia” не беше никаква случајност.

Сега можете да ја слушнете и нивната втора музичка романса “Носталгична Љубов” (Nostalgic Love).

„Оваа песна, исто како и првата, ја снимивме во живо, без никакви прекини ниту пак технички поправки” велат Петар (гитара) и Благој (кларинет).

Петар Марков – Маруш е млад џез музичар кој амбициозно црпи знаење од постари истакнати џез музичари меѓу кои и светскиот гитарист Emil Ernebro . Чекори по патот кој води до светска кариера но и изучува музика професионално,како средно така и високо образование – Музичка Академија.

Благој Ламњов – Ламјата е мулти инструменталист кој има настапувано во Кина, Јапонија, Америка , Канада и 15 – ина држави низ Европа. Студирал во Шведска, Америка и Македонија.