Музика

„Двајца Македонци“ прават „партали од музика“ – Маруш и Ламјата МОРА да ги чуете!


Новото музичко дуо  кое доаѓа од Велес е именувано  Two Macedonians (Двајца Македонци).  Го сочинуваат Петар Марков Маруш – Гитара, Благој Ламњов Ламјата – кларинет. Ова е нивното  прво  видео со наслов Flamenco de Macedonia.

Снимката за нивниот прв спот е направена „во живо“, без никаква обработка и технички студиски корекции. Како што звучиме на ова видео исто така звучиме и во живо на концерт – велат Петар и Благој.

Благој Ламњов е проверено и докажано музичко име со светски настапи. Денес живее во Шведска. Има свирено  во Јапонија, Кина, САД, Канада и 20-тина држави низ Европа.

Петар Марков е млад џез музичар кој студира на музичката академија во Штип но повремено патува за Гетеборг, Шведска, каде што добива часови од Емил Ернебро, гитарист од светската класа на музичари.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top