Актуелно

Состојба на „висока тревога“ за над 300.000 НАТО војници


Над 300 илјади војници се ставени во состојба на висока готовност поради растечките тензии меѓу Русија и балтичките земји, јавуваат британските медиуми.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека се надева дека на тој начин ќе се забрза времето за реакција на илјадници војници за да се овозможи поефикасно реагирање во борбени ситуации, јавува Индипендент.

Во октомври беше соопштено дека Алијансата подготвува мобилизација на 4.000 војници на раската граница со балтичките земји, што ќе биде најголемата мобилизација од Студената војна досега. Војниците ќе бидат повикани од земјите-членки на НАТО.

Полска би ги поддржала балтичките земји во случај на напад

Над 70 отсто Полјаци сметаат дека нивната војска треба да ги поддржи Летонија, Литванија и Естонија кога некоја од тие земји би била нападната, покажува анкетата што денес ја објави приватниот институт Ибрис.

Солидарноста е зголемена, најверојатно, поради политиката на Русија и припојувањето на Крим, како и вмешувањето во конфликтот во Украина. Во март 2015 истото мислење го имале 63 отсто од Полјаците.

Сепак, само 30 отсто од нив имаат намера да се вклучат во оружени, паравоени или санитарни сили во случај на напад врз Полска, покажува анкетата спроведена во септември.

Околу 44 отсто се спремни да го жртвуваат животот или здравјето за татковината, но само ако е неопходно. Секој четврти Полјак би го жртвувал домот или пак голема сума пари, но само три отсто би ги ризикувале животите и здравјето на најблиските.

Полска и три балтички земји се членки на НАТО и нападот врз нив автоматски се смета за напад врз целата Алијанса.

Коментари

loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top