Култура

Иво Андриќ: „Да го заразите некого со чекање – тоа е најсигурен начин да завладеете со него“


И така, премолчено ги прифаќате условите кои ви ги наметнува вашиот непријател, живеете како што сака тој; поточно, и не живеете, туку трпеливо чекате, сè додека вашиот живот, заедно со сето она кое сте го очекувале, не се претвори во трпеливост и бесконечно чекање, што значи дека сте го прифатиле поданичкиот начин на живот, а тоа е исто што патот на доброволна пропаст, ваша и на вашето поколение.

За да не мораат лично тие да ве убиваа, ве заразиле со тоа чекање кое ве одржува во живот и полека ве убива. Ќе овенете и ќе исчезнете како што овенале и исчезнале толку многу претци и народи во Османлиската империја пред вас, на ист или сличен начин.

Не ни забележале дека од патот на вистинскиот живот неосетно се префрлени на мртвиот колосек на чекање без крај и цел. Тоа свое чекање не го чувствуваат ниту како товар, ниту како понижување, оти и самите се претвориле во чекање.

Да го заразите некого со чекање, тоа е најсигурниот начин да завладеете со него, тоа значи да го направите неподвижен и безопасен, целосно и засекогаш, и таа опиеност од чекањето е поцврста од секој затвор и потешка од секој синџир, бидејќи, со многу среќа и вештина, од затвор може да се побегне и од прангите можете да се ослободите, но од таа опиеност – никогаш, до века.

Сè што вие сте и што знаете, сè што умеете и можете, ставено е во служба на тоа чекање без крај и без никакви шанси за остварување. На едни животот им минува во мачно и залудно чекање, додека други и без најмалку чекање го добиваат сето она кое го посакуваат и на кое се надеваат.

Иво Андриќ


loading...
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top