Култура

Ана и Игор Дурловски ја воодушевија европската критика


По неодамнешната премиера на операта “Беренике“ од композиторот Јомели во Државна опера во Штутгарт, нашите познати оперски пејачи Ана и Игор Дурловски добија бројни позитивни критики од стручната европска јавност.

Ова беше втора изведба на операта од италијанскиот композитор после нејзината праиведба пред повеќе од два века. Во режија на еден од најдобрите режисерки тандем, Јоси Вилер и Серџо Морабито, операта предизвика голема љубопитноста кај љубителите на оперската уметност.

Подеднаков интерес предизвика и кај критичарите од бројни европски весници, меѓу кои Franfurter Algemeine, Franfurter Rundschau, Fokus, Di Velt, Neue Zurichеr Zeitung и многу други. Меѓу другото, критичарите на нашата оперска двојка напишаа: “Ана Дурловски, толку прецизно фокусирана, чиста како филигран. Кај неа емоцијата се претвора во уметност…“; “…воодушеви Игор Дурловски кој жонглираше со гласот помеѓу алт и бас, пееше со темно исфарбан алт, а кога покажува емоции менуваше во маркантен бас“; “Дурловски и музички и сценски настапува беспрекорно во неговата улога и покажува дека може да пее многу длабоко“; “Дурловски во улогата на Беренике, импресионира со впечатокот дека оваа улога е години пред нејзиното време. Нејзината изведба беше преполна истовремено со болка и јачина која беше изразена преку нејзините коларатури и сите трилери“.

Коментари

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top