Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако сте и вие Вага, тогаш за вас имаме мала тајна: од искуство знаеме дека сите едноставно полудуваат кога запознаваат некој којшто е Вага. Вашиот шарм и заразна насмевка се неодолива мамка и невнимателните индивидуалци би можеле за час да се најдат фатени во вашата мрежа, а да не знаат што ги снашло.
Шармот на Вагата
Бидете искрени и признајте дека понекогаш користите за лесно да постигнете некоја цел, зар не? Би ви кажале дека тоа не е убаво, но кој да ви се налути кога со еден поглед знаете да омекнете секаков соговорник.
Вие никогаш нема со агресија да одговорите на со уште посилен напад, но со задоволство со помош на вашата енергија ќе го смирите соговорникот и разговорот ќе го вратите во мирна вода. И вие имате граници преку кои не дозволувате да ве буткаат, тогаш ќе избегнувате примитивни и гласни луѓе, тие не се ваше друштво и лошо ќе се чувствувате покрај нив.
Своите стравови нема да им ги наметнете на другите, ниту пак грчевито ќе ги држите до последен здив, во вас постои силна црта на сочувствителност и желба искрено да сфатите што предизвикувате кај другите луѓе. Ако откриете дека размислуваат поинаку од вас, немате без размислување да ги прогласите за глупави и ќе се обидете да ги убедите во своите ставови, туку ќе размислите дека сепак тие се во право можеби?
Да, Вагите не се срамат да признаат дека понекогаш погрешиле, и по таа своја карактеристики навистина се во мал број.
Вагите во љубовта
Во љубовта вагата игра отворено и без скриени адути во ракавот, а истото го бара и од партнерот.
Вагата добро се чувствува во долга, смислена врска, многу подобро отколку во некои пролазни авантури кои не водат никаде. Сепак, и во најцврстата врска ќе бара малку простор за себе. Поради силната смисла за правда, Вагата истата слобода ќе ја дава на својот партнер. Од него ќе бара многу, но ќе му возврати и ќе му биде најголема поддршка која воопшто може да ја замисли.
Еднаш кога ќе има деца, Вагата ќе биде одличен и грижлив родител. Ако пак се појават проблеми, ќе ја покажат својата цврста страна, бидејќи кога ќе загусти таа понекогаш извлекува сила за која инаку ниту самата не е свесна.