„Ѕвездени патеки: Пикард“ – прв трејлер за долгоочекуваната серија од култната франшиза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера, во рамки на „Сан Диего Комик-кон“, CBS ја промовираше интегралната верзија на првиот трејлер заСи-би-ес го прикажа целиот трејлер за својата најавена и долгоочекувана серија, „Ѕвездени патеки: Пикард“, со постара верзија на ликот на Патрик Стјуарт, кој е извлечен од пензија. Емитувањето на серијата ќе започне на почетокот од 2020 година.

Дејството ќе се случува повеќе од 20 години по настаните на „Ѕвездени патеки: Наредната генерација“, која се емитуваше помеѓу 1987 и 1994 година, и нејзините филмски продолженија, Генерации (1994), Првиот контакт (1996), Побуна (1998) и Немезис (2002).

Во мај Си-би-ес објави маглив тизер во кој го видовме Пикард како ужива во своето пензионирање од Ѕвездената флота. Во трејлерот е прикажан остарениот Пикард, кој се обидува да го заборави своето минато, но му приоѓа млада жена на која ѝ треба помош. Тој оди во Федерацијата да се обиде да помогне и се наоѓа себеси повторно вратен во приказната. Попат, гледаме некои од познатите ликови и реплики.

Во оваа нова серија ќе се појават неколку познати лица: командантот Вилијам Рајкер, кого го игра Џонатан Фрејкс; Дијана Трој, глумена од Марина Сиртис; Дејта, игран од Брент Спинер; поранешниот Борг дрон по име Хју, глумен од Џонатан Дел Арко; и Севн Оф Најн од „Ѕвездени патеки: Војаџер“, глумена од Џери Рајан. Во серијата исто така ќе бидат и Алисон Пил, Хари Тредавеј, Иса Брионс, Сантијаго Кабрера и Мишел Херд.