Ѕвездата од „Пријатели“ открива: Го претепав канадскиот премиер


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Американскиот актер Метју Пери на неодамнешното гостување кај Џими Кимел откри дека во една прилика физички го нападнал канадскиот премиер Џастин Трудо.

Актерот кој светот најмногу го знае по улогата на Чендлер Бинг од „Пријатели“, кажа дека тоа се случило кога Трудо имал само 12 години. Тие двајца оделе во исто школо, а Метју е само неколку години повозрасен.

„Беше одличен во спортот во кој нам не ни одеше многу. Сето тоа се случи од љубомора. Не се гордеам со тоа, беше ужасно. Бев глуп како клинец“, коментираше Пери.