Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарната 88-годишна актерка Типи Хедрен стана главно лице на новата Gucci кампања за часовници и накит.
Типи Хедрен беше омилена актерка на култниот режисер Алфред Хичкок, а улогите во неговите филмови „Птици“ и „Марни“ ја одбележаа нејзината актерска кариера.
Во педесеттите години од минатиот век Хедрен успешно се занимаваше и со мода, а нејзината славна внука Дакота Џонсон е заштитно лице на парфемот Bloom од Gucci.
Во новата реклама на Gucci, Хедрен има улога на пророчка на иднината, а нејзиниот ангажман е продолжение на позитивните промени во рамки на модната индустрија.