Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед минатото лето имаше неколку неуспешни обиди да го донеде дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед во своите редови.
Англиските медиуми пренесуваат дека Белгиецот и ова лето ќе биде примарна трансфер цел на „црвените ѓаволи“, и тврдат дека овој пат конечно ќе дојде до реализација на трансферот.
Централниот дефанзивец има договор со „петлите“ до 2020 година, но во договорот има и ослободителна клаузула од 26 милиони фунти, која ќе се активира по завршувањето на сезоната.
Алдервајлед веќе изјави дека не сака да ја продолжи соработката со Тотенхем, па овој пат Манчестер Јунајтед нема да има проблеми да го донесе на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ нама да имаат проблем да ја активираат откупната клаузула, а наводно веќе постигнале договор со играчот за четиригодишна соработка.
Алдервајлед е еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па клубот од „Олд Трафорд“ ќе добие одлично засилување за пристојна сума.
Одличниот дефанзивец пристигна во Лонон во 2015 година и тоа од Атлетико Мадрид за помалку од 15 милиони фунти, а во кариерата има настапувано уште и за Саутемптон и Ајакс.