Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стефани Таннер од серијата „Полна куќа“, односно глумицата Џоди Свитин, денес има 35 години. Со само 5 години стана светска ѕвезда, но уште во тинејџерски денови стана алкохоличарка, а на 20 се навлече на дрога.
Нејзиниот живот од почетокот не бил лесен – ја посвоиле вујкото и неговата сопруга. Нејзините родители биле во затвор кога таа се родила. Шанса за подобар живот добила веќе на 4 години, кога се појави во реклами за хот дог. А на само 5 години ја доби улогата Стефани Таннер која ја играше 8 години.
Беше прогласувана за чудо од дете, на сфера на глумата, но заради проблеми со алкохол и дрога не оствари значајни улоги. Наместо некои добри улоги, таа помина неколку години во клиники за одвикнување.
Џоди Свитин сега тврди дека се излечила и дека е трезна веќе 6 години. Во меѓувреме 3 пати се омажи и разведе, сега се припрема да стапи во четвртиот брак. Во непосредно време се врати да глуми во римејкот на серијата која ја вивна во ѕвездите.