Ѕвездата на Реал направи хаос во соблекувалната: Или ќе играм во Кардиф или заминувам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесува еминентниот шпански портал „Don Balon“ во соблекувалната на Реал Мадрид повторно владее напната атмосфера, а еден од главните виновници за тоа е повредениот Герет Бејл.

Имено, опоравувањето на Бејл се одвива по планираниот ритам и велшкиот репрезентативец по секоја цена сака да биде стартер во финалето од Лигата на шампиони против Јувентус во својот роден град Кардиф.

Во спротивно Бејл ќе биде спремен да го напушти Реал на крајот на сезоната, за што веќе го известил тренерот Зидан и раководството на клубот.

Повеќе англиски клубови покажуваат интерес за Бејл, особено Манчестер Јунајтед кој е спремен да испрати понуда веднаш по завршувањето на финалето.

Весникот пишува дека и на натпреварот против Барса на кој Бејл ја обнови повредата не бил доволно спремен, но сепак тој самиот инсистирал да биде стартер во „Ел Класико“.

И за финалето во Кардиф најверојатно нема да биде 100% спремен, но Бејл тоа не го интересира – или ќе биде стартер или заминува од Мадрид.