Ѕвездата на Реал исмејуван во соблекувалната: Ова не го очекував!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Белгискиот голман Тибо Куртоа после фантастичните натпревари на Мундијалот ова лето направи трансфер во Реал Мадрид.

Куртоа на последниот првенствен натпревар го имаше официјалното деби за „кралскиот“ клуб, а сега откри интересни детали од соблекувалната.

„Одлично се вклопив. Понекогаш соиграчите ме завркаваат за финалето во ЛШ во 2014 година кога играв за Атлетико и загубив. Тоа е нешто што не го очекував“, изјави Куртоа.

Куртоа иако пристигна во Мадрид пред почетокот на сезоната своето деби го имаше минатото коло на „Сантиаго Бернабеу“ против Леганес, бидејќи во првите две кола бранеше Кејлор Навас.