Ѕвездата на Ливерпул го провоцира Реал: Никогаш не сте играле против ваков тим!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со доаѓањето на Вирџил ван Дијк Ливерпул се претвори од дефанзивно нестабилна екипа, во тим кој не мора да се грижи дека одбраната ќе го расипе сето тоа што е направено во нападот.

Со Ван Дијк „црвените“ добија лидер во одбраната и внесоа самодоверба во другите дефанзивци кои претходно играа под своето ниво.

„Не ме интересира како ќе играат тие. Сите знаеме како игра Реал, но мислам дека никогаш не се сретнале со екипа како што сме ние. На сите им покажавме дека можеме да го победиме секого, а во еден натпревар сигурно имаме големи шанси“, тврди Ван Дијк.

„Ние играме сосема поинаку од сите тимови против кои тие играа. Не дојдовме ние овде случајно. Изгубивме само еден меч, овој против Рома, па не може да се каже дека сме имале среќа. Многу ме интересира како тие ќе реагираат на нашата игра“, додаде дефанзивецот.