Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми ПСЖ има намера да го донесе во своите редови фудбалерот на Лацио Милинковиќ – Савиќ и нема да жали пари.
Имено, ПСЖ е спремен да го направи Србинот трет најскап фудбалер во историјата на фудбалерот и да му плати на Лацио неверојатни 170 милиони евра за да го добие неговиот потпис.
Сергеј Милинковиќ – Савиќ оваа сезона блеска во Серија А и се етаблираше во еден од најдобрите и најкомплетни играчи за врска во Европа, па многу гиганти го сакаат во своите редови.
Неговата цена од ден на ден вртоглаво расте, а ПСЖ за да ја победи конкуренцијата е спремен да плати неверојатни 170 милиони евра за 22-годишниот српски репрезентативец.
Трансферот на Милинковиќ-Савиќ би требало да се реализира идното лето, откако ПСЖ ќе се ослободи од Џулијан Дракслер, Хавиер Пасторе, Анхел ди Марија, Кевин Трап и Лукас Мура.
Со тоа „светците“ во своите редови ќе ги имаат тројцата најскапи фудбалери во историјата, откако ова лето ги купија Нејмар за 222 милиони и Мбапе за 170 милиони евра.