Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поливалентниот фудбалер на Барселона, Сержи Роберто е еден од последните продукти на познатата школа „Ла Масија“ кој успеа да се наметне во првиот тим на Каталонците.
27-годишниот шпански репрезентативец кариерата ја започна како играч за врска, но поради својата поливалентност може да игра на неколку позиции во тимот.
Роберто во интервју за шпанските медиуми откри дека како младинец имало шанса да заврши во големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
Во деновите кога бил дел од Гимнастик добил повик од Реал Мадрид. Сержи Роберто пристигна во Барселона во 2006 година на свои 14 години, а токму тогаш имал понуда и од „кралевите“.
„Кога играв со 15-годишните фудбалери во Гимнастик, директорот на академијата на Реал покажа интерес и испрати понуда до клубот. Дури ме поканија на проба во Мадрид. Меѓутоа, неколку дена покасно Барса испрати понуда преку факс и јас веднаш дојдов на проба во Барселона. Се помина добро и останав во овој клуб. Мојот сон уште од дете беше да заиграм за Барса и воопшто не размислував кој клуб да го изберам“, открива Сержи Роберто.
Фудбалерот изрази благодарност и до Луис Енрике кој му даде шанса да дебитира за Барселона, и за време на неговиот престој на „Камп Ноу“ му даваше солидна минутажа.