Ѕвездата на Арсенал: Нема да го продолжам договорот, сакам да играм во друг клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру откри дека не е задоволен од моменталниот статус во лондонскиот клуб и нема намера да го продолжи договорот кој му истекува во 2018 година.

Французинот оваа сезона е во втор план кај Арсен Венгер и тој признава дека неговото време на „Емирати“ полека поминува и сака да игра во друг клуб.

„Мојата иднина во Арсенал ја гледам до последниот ден на мојот договор. Нема да лажам, имаше моменти кога бев разочаран и не бев задоволен од мојата моментална ситуација. Ќе се борам за своето место, но после истекот на договорот сакам да играм на друго место, во друг клуб“, истакна Жиру.

„Кога го гледам Арсенал од трибините гледам дека тимот игра многу добро од почетокот на сезоната и сваќам дека возот за мене полека заминува“, искрен беше Французинот.