Ѕвезда со карактер: Ја подигна наградата и дотеран веднаш замина на протести


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Хоакин Феникс дефинитивно го живее зенитот на своите ѕвездени моменти и планетарна слава, благодарение на маркатното толкување на улогата на Џокерот во филмот „Joker“. А како најголем доказ за тоа се наградите кои ги собира на секој чекор за неговата актерска изведба.

Последно, тој ја доби и наградата за најдобар актер од Американската асоцијација на филмски актери. А веднаш по церемонијата на доделување на наградите, 40-годишниот Феникс се обрати на настан што се чинеше дека му значи многу повеќе. Тој се приклучи на групата позната како „Los Angeles Animal Save “ пред кланица, пренесува Унилад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Los Angeles Animal Save (@laanimalsave) on

Хоакин и неговите пријатели дојдоа пред кланицата за да ги утешат животните подготвени да бидат заклани и да протестираат против бруталното постапување со животните.

„Повеќето луѓе не се ни запознаени со теророт и колењето во индустријата за месо и млечни производи. Сцените на среќни животни на фарма што ни ги прикажуваат на пакувањата со месо и во рестораните, сето тоа е лага “, рече Феникс.

Феникс е познато дека е вегетан веќе четири децении и не е изненадувачко неговото присуство на ова бдение заедно со активистите за правата на животните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vegan Rebel🌱 (@bobbysud) on

„Луѓето треба да ја дознаат вистината и наша обврска е да ја откриеме. Ние, кои бевме сведоци на вистинската состојба на нештата, ние имаме должност да ја откриеме. Затоа сум тука“, изјави Феникс.

Џин Дејвис, основач на Los Angeles Animal Save, рече дека актерот редовно присуствува на нивните бденија во Лос Анџелес и ги инспирира борците за правата на животните низ целиот свет.

„Ние сме многу благодарни на неговиот глас. Во секој агол на светот, активистите се сведоци на животни кои се осудени на колење и се обидуваат да ја разбудат јавноста, укажувајќи на овој масакр“, вели Џин.