Ѕверови! Секоја чест: Украинските танчери направија вистинска магија на сцената (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Танцовата група од Украина, Light Balance, ја воодушеви жири комисијата и гледачите на американското шоу America’s Got Talent и заработија директен пласман во понатамошната фаза благодарение на Тајра Бенкс, која после нивниот настап одлуч да стисне Golden Buzzer.

На сцената најпрвин се појави осветлен брадест човек и музичката точка ја започна сам. Но, после тоа зад него се појавија уште шест светлечки ликови и направија вистинска магија на сцената.

„Воодушевена сум. Ова беше неверојатно. Лудо добра изведба“, ги пофали воодушевената Тајра Бенкс пред да го стисне „златното копче“.

Нивниот настап е прикажан кон крајот на јуни, но на социјалните мрежи и понатаму не престануваат восхитувачките коментари за нив, а снимката веќе стана вирален хит. Ова не е прв нивни настап. Ви го пренесуваме подолу нивното учество на британското шоу за таленти од 2014 година.