Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наследникот на Bugatti Veyron своевремено најбрзиот автомобил, моделот Bugatti Chiron се претпоставува дека ќе развива повеќе од 450 километри на час.
Тоа може да се заклучи од најавата за The Grand Tour, новото шоу на Џереми Кларксон, Џејмс Меј и Ричард Хамонд, поранешните водители на Top Gear.
Во најавата стои дека Bugatti Chiron со неговите 1.500 коњски сили од 0 до 100 километри на час стигнува за 2,5 секунди, а неговата максимална брзина, која што треба да биде откриена наскоро е над 450 километри на час.
Моќниот V16 квадтурбо мотор го празни резервоарот на новиот Bugatti Chiron за само 9 минути при максимална брзина.
Bugatti заедно со Michelin развиле специјални гуми за овој автомобил кои можат да го издржат притисокот од големата брзина.