Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Pagani Huayra Roadster се смета за многу редок спортски автомобил со само 100 постоечки примероци во светски рамки. Но, примерокот што моментално е понуден на продажба во САД е уште позначаен и посебен заради нејзината боја.
Имено, автомобилот го продава американскиот дистрибутер Пагани Беверли Хилс. Произведен е во 2018 година, кога е обоен во „екстремно ретката“ мат-црна боја Grigio Opaco.
Драматичниот дизајн на Huayrа е акцентиран од голем број сјајни карбонски компоненти кои ја украсуваат убавата каросерија, и вклучуваат преден разделник, активни воздушни сопирачки на предниот и задниот капак, страничните ретровизори и задниот дифузер.
Внатрешноста е тапацирана во комбинација на црно-бела кожа. Автомобилот поминал само 437 километри и е во фабричка состојба. Тоа е 92-от модел што излегол од производната линија, а кој е придвижуван од 6,0-литарски твин-турбо V12 мотор кој развива 754 КС и 1000 Nm вртежен момент, а чија моќност се пренесува на задните тркала преку автоматски рачен менувач со седум брзини.
Потребни се само три секунди за забрзување од 0 до 100 км на час, а најголемата брзина е 338 км на час. Кога бил нов, автомобилот чинел 2,6 милиони долари.
Овој модел е полесен од стандардниот Roadster и е ограничен на само 40 произведени единици. Моменталната цена е непозната.