Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот тенисер и светски рекет број 3, Александар Зверев, е загрижен за моменталната состојба со Ковид-19 меѓу учесниците на Австрлиа Опен.
Зверев смета дека веројатно има повеќе играчи заразени со ковид-19 на Австралија Опен, но тие не се тестираат, пренесува Ројтерс.
Оваа изјава како ладен туш доаѓа само два дена по депортацијата на асот Новак Ѓоковиќ од Мелбурн.
– Дозволено ни е да излеземе да јадеме, да правиме што сакаме, така што мислам дека е природно повеќе луѓе да заболат од ковид – им рече Зверев на новинарите по победата во второто коло против Австралиецот Џон Милман.
Французинот Хуго Амбер претходно денеска објави дека е позитивен на коронавирусот, ден по поразот во првото коло од неговиот сонародник Ришар Гаске, поради што беше изолиран во Австралија една недела. Но, веројатно има и други позитивни меѓу тенисерите.
– Мислам дека неколку играчи имаа проблем кога пристигнаа. Мислам дека сега има многу играчи. Не се тестираме, па мислам дека ако се тестиравме, веројатно ќе имаше повеќе позитивни отколку сега – рече Зверев.
Од Ројтерс, пробале да контактираат со „Тенис Австралија“ за коментар во врска со новиот скандал. Според Еј-Би-Си Њуз, австралиски портал, играчите имаат обврска да вршат брзи антигенски тестови само на дневна основа, а се контролираа само оние тестови кои се спроведуваат на денот на пристигнувањето и помеѓу петтиот и седмиот ден од нивниот престој во Австралија.
Австралискиот тенисер Бернард Томиќ минатата недела ги критикуваше протоколите за тестирање за ковид-19 за време на квалификациите.
– Не можам да верувам дека никој не се тестира. Тие им дозволуваат на играчите да излезат на терен со брзи тестови во нивната соба. Официјално ПЦР-тестирање нема – рече Томиќ.