Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Alpina B7 Biturbo, кој е најголем модел од семејството на BMW, го движи мотор со 608 коњски сили, што е доволно оваа ултра луксузната лимузина чија вкупна должина е 5,25 метри, да развива 330 километри на час.
Најсилната „Седумка” на Alpina ја движи 4,4-литарски В8 битурбо мотор во кој со последните подобрувања се „сместени” 608 коњски сили, а вредноста на најголемиот вртлив момент сега изнесува 800 њутн метри.
За пренос на моќноста на двете осовини има ZF 8-степен автоматски менувач, а наведените бројки се доволни за огромниот B7, чија маса изнесува 2.110 килограми, од 0 до 100 килоемтри на час да стигне за само 3,7 секунди.
Со оглед на тоа дека BMW и натаму нема намера да прави М7, извонредната Alpina B7 Biturbo останува единствена опција со која љубителите на баварските автомобили рамноправно можат да се спротивстават на сличните модели кои ги нудат во AMG, Audi и Porsche.
Цената на луксузната лимузина со поголемо меѓуосовинско растојание е 136.583 евра.