Зукерберг сака да го купи Тотенхем!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Основачот на најголемата социјална мрежа Фејсбук, Марк Зукерберг е заинтересиран да вложи во англискиот фудбал, односно да ги купи акциите на Тотенхем, тврдат медиумите на Островот.

Американската компанија „Iconiq Capital“ чиј сопственик е Марк Зукерберг, сопственик и на социјалната мрежа „Faceboок“, доставила понуда од една милијарда евра за купување на премиерлигашот Тотенхем.

Марк Зукерберг се проценува дека „тежи“ 49 милијарди фунти, и доставил понуда од 1 милијарда, но сопственик Џо Луис и претседателот на Тотенхем, Даниел Леви истата понуда ја одбиле.

Меѓутоа, оваа вест денес беше негирана од Управниот одбор на Тотенхем и тоа преку официјално соопштение.

Во соопштението се невадува дека клубот бил во потрага по инвеститор кој ќе помогне во изградбата на нов стадион и дека преговарале со разни инвестициски фондови.

Во моментов Тотенхем гради нов стадион со капацитет од 61.500 гледачи, на местото на стариот „Вајт Харт Лејн“, а изградбата, која е во вредност од 800 милиони фунти, се очекува да заврши до почетокот на сезоната 2018/19.