Авто мото

ЗР1 2019 – Најбрзиот „Корвета“ модел досега

Моделот „корвета ЗР1 2019“ на компанијата „Шевролет“ е најновиот кандидат за борба за најбрз автомобил на светот.

Веќе се создава слика за тоа што ќе претставува овој неверојатно моќен автомобил – „суперавтомобил“ со 750 коњски сили. Исто така огромно стартно забрзување, подобро ладење на моторот, потентен систем за инјектирање гориво и вграден „суперчарџер“. Моторот е екстремно моќен, а надворешноста на возилото го комплетира целосното искуство и го формира доживувањето за овој неверојатен автомобил.

Од компанијата велат дека ова е најбрзата „корвета“ досега. Историската „корвета“, која првпат се произведе во 1953 година, има многу извонредни модели и произведени се навистина прекрасни возила, но „ЗР1“ е модел од кој се очекува да направи бум на пазарот на суперавтомобили. Со максимална брзина од 341 километар на час и „суперчарџер“ на предниот дел на хаубата, навистина е опфатена суштината на моделот „корвета“. Се очекува проблемите со прегревањето на моделот „З06“ дека се надминати и дека возењето на „ЗР1“ ќе биде вистинско уживање.

Детали за новиот модел на Шевролет:

  • Моторот официјално е наречен „ЛТ5“, што значи дека е создаден од алуминиумски блок дизајниран од страна на „Лотус“, истиот тој има „суперчарџер“ со 6,2-литарски мотор, кој произведува 755 коњски сили и 969,4 Nm вртежен момент.
  • Моторот „ЛТ5“ создава огромна моќ и многу голем вртежен момент. За да се справи со целосната индукција, „Шевролет“ има развиено двоен систем за инјектирање гориво, кој примарно користи директно инјектирање, но е помаган и од дополнителни „портови“ за инјектирање.
  • Познато е дека претходниот модел имаше сериозни проблеми со прегревање на моторот, па затоа на „ЗР1“ е посветено огромно внимание, за да се превенира ваков или сличен проблем. Како резултат на тоа, целосно е развиен нов систем за ладење.
  • „ЗР1“ ќе биде достапен со два различни система за аеродинамика. Едниот е наречен „хај винг“, или високи крилја, и се проценува дека создава околу 430 килограми сила, која се создава од отпорот на воздухот.
  • Продажбата на „ЗР1“ започнува оваа пролет и почетната цена на ова возило се очекува да биде околу 120.000 долари.
loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top