
Зошто вреди да се заљубите во личност што ги сака кучињата
Љубителите на кучиња често се шегуваат дека не излегуваат со некој што не му се допаѓа на нивното куче, но во тие зборови има многу вистина.
Кога сте во потрага по партнер, ќе сфатите дека многу луѓе не обрнуваат внимание на чувствата и се водат само од себеси. За да избегнете разочарувања, експертите препорачуваат да одберете некој што има куче.
Во продолжение се пет причини зошто вашиот следен партнер треба да биде личност што има куче како миленик:
Тие се друштвени и пријатни
Кучињата се дружељубиви суштества кои сакаат да се играат со други кучиња и со луѓе. Шетањето и истражувањето на светот се нивната омилена активност, а нивните сопственици често ја делат истата енергија. Според експертите, луѓето што чуваат кучиња се поотворени за разговори и градење пријателства.
Тие се одговорни
Сопствениците на кучиња знаат што значи обврска. Тие никогаш нема да ги занемарат вашите потреби или чувства, бидејќи веќе се навикнати секојдневно да се грижат за своето куче – да го нахранат на време, да го прошетаат, да го однесат на ветеринар и, секако, да му пружат љубов и внимание. Грижата за другите им влегла во навика.
Тие се грижливи
Кога имаш миленик, веќе не размислуваш само за себе. Потребите на кучињата бараат постојано внимание и емпатија. Затоа луѓето кои чуваат кучиња стануваат поосетливи и повнимателни кон емоциите и потребите на другите.
Тие се лојални
Кучињата важат за најлојалните миленици, а нивната одданост често се пренесува и на нивните сопственици. Нема ништо поубаво од тоа куче радосно да ве пречека после напорен ден. А кој не сака малку галење и топлина по долг работен ден? Вистински љубител на кучиња е и вистински лојален партнер.
Тие се неверојатни пријатели
Експертите велат дека најдобар партнер е оној што може да ви биде и најдобар пријател. Луѓето кои чуваат кучиња веќе имаат искуство со безусловна љубов – знаат што значи да си до некој кога поминува низ тежок период. Тие ќе бидат покрај вас и кога сте најранливи.