Зошто ви се јаде кога консумирате алкохол?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Консумацијата на алкохол е проследена со зголемување на апетитот сугерираат експериментите на британските научници спроведени на глувци.

Истражувачите од Институтот Френсис Крик утврдија дека по консумација на алкохол доаѓа до активирање на сигнал во мозокот, кој организмот го поттикнуваат на внес на храна.

Алкохолот доведува до засилено дејствување на АGRP невроните, познати по тоа што се активираат кога на организмот му недостига храна.

Научното списание „Nature Communications” пишува дека овие наоди се применливи и на луѓето. Со оглед на тоа дека и алкохолот е значаен извор на калории, истражувачите веруваат дека новите наоди ќе помогнат во контролата на растечкиот проблем со дебелината.