Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа вежба е една од најпопуларните, а за тоа постојат и добри причини. Зошто треба да ја прави секој ден, дознајте во продолжение.
Зацврстување на важните мускули
Планкот влијае врз мускулите од стомакот, грбот, колковите, а овие мускули се многу важни за правилно функционирање на телото.
Подобро држење
Цврстиот горен дел на телото е многу важен за правилно држење, бидејќи тука се тие мускули кои ја даваат потпората, а така вие ќе изгледате повисоко.
Подобра рамнотежа
Силните мускули на телото даваат комплетна стабилност, а тоа е многу важно за рамнотежата и координацијата на движењето.
Намалување ризик од повреди
Истренираните мускули од телото даваат можност за правење движења во сите смерови. Затоа ако сакате да бидете активни, мускулите од средниот дел на телото мора да ви бидат многу јаки.